Петок, 20 Апр 2018
www.zfr.org.mk
Известување

Здружението на финансиски работници на локалната самоуправа и јавни претпријатија - Велес, започнувајќи од јануари заклучно со 30 јуни 2017 година ги имплементира активностите утврдени во Проектот: „Даночен советник во функција на граѓаните - даноци од граѓаните за граѓаните“, со финансиска поддршка од Општина Велес, програма за поддршка на граѓанскиот сектор.

Затоа во наредниот период, секоја среда, од 10 до 12 часот во просториите на Здружението на сите заинтересирани граѓани и граѓански организации на располагање е нашиот даночен советник.

Нашиот даночен советник ќе биде достапен за одговор на прашања добиени по е-маил поврзани со даноците доставени на следната електронска адреса:  Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите .

 
Бруто плата 2017 - Најниска и највисока основица за пресметување на придонеси

 

 

 
Лично ослободување за 2017 година

Врз основа на член 11 став 2 од Законот за персоналниот данок на доход („Службен весник на Република Македонија“ бр. 80/93, 3/94, 70/94, 71/96, 28/97, 8/01, 50/01, 52/01, 2/02, 44/02, 96/04, 120/05, 52/06, 139/06, 6/07, 160/07, 159/08, 20/09, 139/09, 171/10, 135/11, 166/12, 187/13, 13/14, 116/15, 129/15,  199/15 и 23/16), министерот за финансии

О Б Ј А В У В А

(„Службен весник на РМ“ бр. 217/16)

1. Личното ослободување утврдено во член 10 став 1 точка 2) од Законот за персоналниот данок на доход, за 2017 година на годишно ниво, изнесува 89.472,00 денари.

2. Личното ослободување по основ на лични примања од плата од работен однос и пензија, месечно се утврдува во износ од 7.456,00 денари, согласно со член 15-а став 2 од Законот за персоналниот данок на доход.

 
Начела на јавната администрација

 

Создавањето на функционална јавна администрација е предизвик за секоја држава и претставува еден од клучните предуслови за транспарентно и ефикасно демократско владеење. Во таа насока дефинирани се Начела на јавната администрација кои во суштина претставуваат дефиниција/барања за доброто владеење и ги утврдуваат основните критериуми што државата треба да ги почитуваат во процесот на интеграција во ЕУ.
 
Водич „Примена на Законот за јавните набавки во пракса“ - III издание

Здружението на финансиски работници на локална самоуправа и јавни претпријатија во соработка со авторите го издаде III-то издание на Водичот „Примена на Законот за јавни набавки во пракса“. За таа цел Ве информираме дека доколку сте заинтересирани Водичот можете да го набавите преку Здружението по цена од 3.950 денари со вклучен ДДВ по примерок, со потполнување на приложената Порачка.

 
Мислење од УЈП за начинот на примена на член 32-а од законот за ДДВ од страна на општините
Ниво на корисникот: / 20
НајлошоНајдобро 

Здружението на финансиски работници на 27.02.2014 година достави барање до УЈП за добивање на одговор за начинот на примена на одредбите од член 32-а од Законот за ДДВ од страна на единиците на локалната самоуправа, во текот на вчерашниот ден добивме одговор за наведеното барање.

 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 Следно > Крај >>

Страница 3 од 4

 


 

Порачка за 2018 година

 

НАРАЧАЈ ...

 


Примена на Законот за јавни набавки во пракса - III издание

 

 

 

Цена: 3950 денари со вклучен ДДВ

НАРАЧАЈ ...



 


Прирачник за сметководство на буџетите и буџетските корисници

 

 


Цена: 2500 денари со вклучен ДДВ

НАРАЧАЈ ...


VNG International