Оваа web страна е резултат на нашите напори на едно место да Ви ги понудиме сите релевантни информации, иницијативи, проекти и заложби поврзани со работата на Здружението. Овде може да ги најдете сите информации, закони и подзаконски акти. Искрено ги очекуваме Вашите забелешки, сугестии и коментари во функција на понатамошен развој и зајакнување на меѓусебната доверба и соработка. За сите дополнителни информации слободно контактирајте не на e-mail:
Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете
Се надевам дека содржините на страницата ќе Ви го задржат Вашето внимание.
Со почит, Извршен директор
Последно освежување ( 10.06.2008. )
Најнови податоци
Просечна месечна нето плата во РМ за претходната година (2007) = 14.584,00
Просечно исплатена нето плата по работник во РМ во претходните три месеци (јуни, јули, август 2008) = 15.796,00 Просечно исплатена месечна нето плата по работник во РМ (август) = 15.820,00 Републичко ПИО = 10.283,00 Оддел 75 - Јавна управа и одбрана, задолжителна социјална заштита = 12.104,00 Оддел 41 - Собирање, пречистување и дистрибуција на вода = 9.526,00 Оддел 90 - Отстранување на отпадоци и ѓубре, санитарни и слични активности = 8.178,00 Месечно даночно ослободување = 3.294,00 Придонес за здравствено осигурување за месец октомври = 1.140,00 Придонес за професионално заболување = 62,00
Цени на горивата
Период
Цена на литар гориво
МБ - 96 Премиум
ЕУРОСУПЕР - 95
ЕУРОСУПЕР - 98
ЕУРОДИЗЕЛ Д - Е IV
Објавено во "Службен весник на РМ" број
28.10.2008
61,00
57,50
59,00
54,50
134/2008
11.11.2008
59,00
56,00
57,50
54,50
142/2008
Конференција за даночните работници (28.11.2008)
По трет пат Здружението на финансиски работници на локална самоуправа и јавни претпријатија организира конференција по повод денот на даночните работници "Свети Матеј" со работен наслов: "Даночниот систем и администрирањето локални даноци и такси во Република Македонија". Конференцијата ќе се одржи на 28.11.2008 година (петок) во Хотел "Александар Палас" - Скопје, Конгресна сала 3.
Здружението на финансиски работници на локална самоуправа и јавни претпријатија - Велес, како дел од проектот: "Поддршка на процесот на фискална децентрализација и зголемување на отчетноста во ЕЛС" поддржан од Набљудувачката Мисија на ОБСЕ во Скопје, организира работилница на тема: "Известување по спроведена ревизија" која ќе се одржи на 21 и 22 ноември 2008 година во хотел "Романтик" - Велешко Езеро.
Здружението на финансиски работници на локална самоуправа и јавни претпријатија, настојувајќи секогаш да Ви излезе во пресрет , а следејќи ги Вашите потреби за изработка на Буџет за 2009 година, организира работилници на тема: "Практична примена на софтверски пакет/апликација за изработка на Предлог Буџет за 2009 година" за која ангажираше експерти од оваа област. Истите ќе се одржат во периодите:
Здружението на финансиски работници на локална самоуправа и јавни претпријатија, во соработка со Секторот за реформа на јавната администрација при Набљудувачката Мисија на OSCE организираше три регионални работилници на тема: "Процес на подготовка и донесување на план на програмите за развој". Работилниците беа со цел да им помогне на финансиските работници од ЕЛС при подготовка на план на програмите за развој.
Последно освежување ( 28.10.2008. )
Одлука за назначување на членови на Издавачкиот одбор
Би сакале да Ве информираме дека за потребите на Здружението на финансиски работници на локална самоуправа и јавни претпријатија - Велес беше спроведена постапка за независна ревизија од страна на ревизорската куќа: "Ревизија Чулева".